fbpx

Папата повика на меѓуверски дијалог

-

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во пресрет на Божик, упати писмо до христијаните на Истокот, повикувајќи на меѓуверски дијалог без разлика на проблемите.

Во писмото, објавено на седум јазици, меѓу кои и на арапски, папата оцени дека „меѓуверскиот дијалог е сè повеќе потребен кога ситуацијата станува потешка“ и оти „друг пат освен тој не постои“.

„Тоа е најдобриот противотров за искушение за верскиот фундаментализам. Можете да им помогнете на муслиманите да ја претстават поубавата слика за исламот затоа што многумина од нив тоа и го сакаат“, навел папата и додал дека многу муслимани повторуваат дека „исламот е религија на мирот, која ги почитува човековите права и заедничкиот живот“.

Папата истакна дека е потребно сите верски поглавари „јасно да се изјаснат против тероризмот“, охрабрувајќи ги на преговори и на дипломатски дијалог.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...