Спасов: Илјадници граѓани ќе се спасат од злоупотребата на работодавците

-

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска повтори дека Владата нема да ја одложи мерката за социјалното осигурување за лицата со приходи врз основа на договори за дело и на авторски договор.

– Жално е што одредени политички структури со искажување манипулации, невистини и навреди сакаат да добијат лични и политички поени, критикувајќи една позитивна мерка. Владата нема да ја одложи оваа мерка и опфатот на лицата што имаат приходи врз основа на договори за дело и на авторски договор е во интерес на граѓаните на Република Македонија и во интерес на работниците – изјави Спасов.

Според Спасов, оваа мерка има повеќе позитивни аспекти, а со опфатот на авторските договори и на договорите на дело со задолжително социјално осигурување ќе се обезбеди социјална сигурност на голем број работници.

– Во изминатите години се случуваше голем број, илјадници, десетици илјади работници да бидат злоупотребени од работодавците, при што или целосно беа исплаќани преку авторски договор или договор за дело за работите што ги извршуваа. Ако ова продолжи, овие наши граѓани нема да можат да добијат пензија. Овие работници вредно и чесно работат, како и оние работници што се во постојан работен однос. Исто така,  се случуваше дел од платата да им се исплаќа како во редовен работен однос, а дел од платата им се исплаќа преку хонорар, односно со авторски договор или договор за дело – истакна Спасов.

Сите оние што не ги исполнуваат условите за старосна пензија од 15 години стаж, ќе имаат можност да доработат за да ги исполнат условите за старосна пензија и да стекнат право.

 

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...