fbpx

Папамобилот пристигна во Хрватска

-

Папамобилот кој ќе го користи папата Франциск за време на апостолската посета на Сараево на 6 јуни под мотото „Мир со вас“, денеска со брод пристигна во Сплит.

Како што јавуваат хрватските медиуми, папамобилот е пренесен од Анкона во Сплит со редовната линија на бродот „Марко Поло“, а оттаму ќе биде пренесен во Сараево.

Станува збор за возило „мерцедес г 500“, произведен во 2007 година. Возилото го користел папата Бенедикт Шеснаесетти за време на церемонијата на плоштадот Свети Петар во Рим.

Папамобилот е неофицијален назив за специјално конструиран автомобил што поглаварот на римокатоличката црква го користи за време на своите службени посети.

По обидот за атентат на папата Јован Павле Втори, на 13 мај 1981 година, папамобилот е доопремен со панцирно стакло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...