fbpx

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Палевски ќе биде сместен во самица, во посебна ќелија во затворот во Шутка, каде под постојано затворско обезбедување ќе биде целиот ходник во истражниот затвор. Согласно протоколите, Палевски нема да смее ниту да ја користи бањата со останатите притворени, туку сам, исто како и времето за шетање што е предвидено во дворот, што значи дека тој ќе нема никаков контакт со останатите притвореници во истражниот затвор

-

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Тој беше пренесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје“, извести МВР.

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразија благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

„Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Точно пет и пол месеци Палевски беше во Турција, откако на 5 декември 2023 година беше уапсен во Беликисер, по распишана меѓународна потерница.

„Монструмот е фатен“, соопшти доцна вечерта на 5 декември тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На 30 април годинава Турција дозволи негова екстрадиција.

Според нашите информации, Палевски ќе биде сместен во самица, во посебна ќелија во затворот во Шутка, каде под постојано затворско обезбедување ќе биде целиот ходник во истражниот затвор. Согласно протоколите, Палевски нема да смее ниту да ја користи бањата со останатите притворени, туку сам, исто како и времето за шетање што е предвидено во дворот, што значи дека тој ќе нема никаков контакт со останатите притвореници во истражниот затвор. Освен тоа, храната што ќе му се дава во истражниот затвор ќе биде постојано проверувана. Кога ќе пристигне во истражниот затвор, тој прво ќе биде прегледан од медицинските лица за да се утврди дали има некакви повреди.

На Палевски веќе му е одреден 30-дневен притвор, што значи дека тој нема да биде изведен пред судија за претходна постапка, туку ќе се чека обвинителството да го повика на распит. Од распитот на Палевски се очекува да се одмота и клопчето и прашањата кои половина година се отворени – мотивите за убиствата и сите вмешани лица во бизарното двојно убиство кое ја шокираше јавноста.

Текот на настаните по бегството на Палевски

На 6 декември 2023 Министерството за правда побара од турските власти Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршување на постапката.

Министерството за правда истиот ден доби официјално известување од Интерпол дека лицето Љупчо Палевски барано со меѓународна потерница е лишено од слобода во Турција. На 7 декември 2023 година, барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски беше потпишано.

На 13 декември 2023 година Министерството за правда доби известување дека до нивните колеги во Турција стигнало барањето за екстрадиција на Палевски.

На 8 февруари 2024 година, Министерството за правда соопшти дека судскиот процес за Палевски е завршен.

Покрај за убиство, Љупчо Палевски – Палчо е осомничен и за грабнување.

За двојното убиство, во истражниот затвор во Шутка се и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување според член 141 од Кривичниот законик, и за две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие). Сите тие се дел од политичката партија Десна.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, сега е во домашен притвор, откако Врховниот суд ја уважи неговата жалба. Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ децидно тврди дека тој нема никаква поврзаност со грабнувањето и убиството на неговата ќерка и дека воопшто не ги познава осомничените.

На Стефан Димковски, пријателот кој го превезуваше Палевски низ Бугарија до Турција, во март годинава му беше укинат притворот и за него се изречени мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола.

Нејасен мотивот за двете убиства

Според она што досега беше презентирано од истрагата, 14-годишната Вања Ѓорчевска беше киднапирана во Скопје на 27 ноември околу 7.20 часот наутро кога излегла од дома да оди на училиште. Според истрагата, Палевски, заедно со Кешишов, Маневски и Видевски ја совладале и ја врзале во влезот на зградата, ја ставиле во вреќа за спиење, а потоа во автомобилот на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, кого го убиле пет дена претходно.

Вања била убиена истиот ден, на 27 ноември 2023, а нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атар на селото Бразда на периферијата на Скопје. Недалеку од таму е пронајден опожарениот автомобил. Палевски ја напуштил државата три дена по убиството, а Кешишов, Маневски и Видевски по апсењето го признале делото и ја однеле полицијата на местата каде што ги закопале Вања и Жежовски.

Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека планирал, организирал и извршил две убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и две убиства. Александар Ѓорчевски, татко на убиениот Вања, е осомничен дека на Палчо му дал информации за времето кога неговата ќерка излегува од зградата и оди на училиште. Последен осомничен е Стефан Димковски, кој е уапсен бидејќи наводно му помогнал на Палчо да избега од Белград во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ратко Давидовски од ВМРО-ДПМНЕ не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово

Општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Давидовски не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово, туку ја водеше вонредната седница за елементарните непогоди. Тоа е затоа што Советот...