fbpx

Повторно се шират невистини дека Украина е нацистичка

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, иако Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Ова се прави со цел да се оправда руската агресија којашто трае повеќе од две години

-

Трозабецот е одамна поврзан со украинската историја. Тој бил знак на предците на династијата Рурик (10-12 век, време на Киевска Русија). Во 1918 година веднаш по падот на руската империја, владата на Украинската Народна Република го одобри трозабецот како државен грб. Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, иако Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Ова се прави со цел да се оправда руската агресија којашто трае повеќе од две години, пишува Вистиномер. 

Текстот го објавуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека украинскиот грб – трозабецот е нацистички симбол.

Ако и сега не ви е јасно… вие сте ретардирани, стои во објавата.

Објавата споделува и фотографија од Зеленски на која е заокружен амблемот на неговата маица – украинскиот грб – трозабец кој има долга историја, но во исто време, тој е симбол на модерна, современа Украина.Тој ги одразува херојските настани од минатото – и украинските воини кои го штитат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина денес.

Споделена е и црно-бела фотографија на која, покрај нацистичкиот симбол свастиката, се гледа човек како вее знаме на кое има симбол што наликува на трозабец. Фотографијата може да се најде тука, а во описот под неа пишува: „Волонтерите од баталјонот „Роланд“ се заколнуваат на верност на знамињата на Третиот Рајх и на Украина“Баталјонот Роланд, формиран во средината на април 1941 година, со 350 војници и првично со седиште во Остмарк (денешна Австрија), бил составен главно од доброволци од украинска етничка припадност кои живееле во окупираната од Германија, Полска и бил поврзуван со организацијата на украинските националисти на Степан Бандера.

Бандера е многу контроверзна личност во Украина. Додека некои Украинци го слават како ослободител кој се борел против советските, полските и германските држави и се обидел да воспостави независна Украина, од други Украинци и од Полјаци и Руси тој е осудуван како фашист и воен злосторник кој со своите следбеници (Бандеровци) во голема мера бил одговорен за масакри на полски цивили и делумно за холокаустот во Украина.

Како и да е, во описот на самата фотографија што ја најдовме, јасно е нагласено дека станува збор за украинско знаме, а не за некаков нацистички симбол. Она што е познато е дека симболот на нацизмот е свастиката и тој бил нивен официјален амблем. Таа била истакната на нивните знамиња, униформи и други пропагандни материјали. Симболот свастика е изведен од древни религиозни и културни контексти, но за жал бил присвоен од нацистите и оттогаш стана широко поврзан со нивната идеологија на омраза и дискриминација.

Трозабецот, пак, е одамна поврзан со украинската историја. Тој бил знак на предците на династијата Рурик (10-12 век, време на Киевска Русија). Археолозите сè уште наоѓаат негова слика на монети, печати, прибор, тули, мурали. Во 1918 година, веднаш по колапсот на руската империја, владата на Украинската Народна Република го одобрила трозабецот како државен грб.

Од деновите на Украинската Народна Република, трозабецот (tryzub) станал важен симбол за оние кои се бореле за независноста на Украина пред 100 години и оние кои ја штитат сега.

Официјално е амблем на кралската држава на Володимир Велики. Ознаката најверојатно потекнува од печатот на Володимир Велики, принц од Киев. Трозабецот на грбот на Украина ги одразува херојските настани од минатото, односно заложбите на украинските воини кои го штителе суверенитетот и територијалниот интегритет и во минатото и денес. Како и сите други знаци, украинскиот трозабец има своја симболика. Но, има и 40 теории за неговото вистинско значење кои варираат меѓу лак со стрели, свеќник, сидро, крилја на сокол, итн.

Во 1918 година веднаш по падот на руската империја, владата на Украинската Народна Република го одобри трозабецот како државен грб. Комисијата која била овластена да избере грб, разгледала неколку алтернативи меѓу кои златен лав, слика од Свети Архангел Михаил покровител на Киев и други. 

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка и дека таму се глорифицира нацизмот (неонацизмот). Ова се прави со цел да се оправда руската агресија којашто трае повеќе од две години. За потсетување, Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година.

Поради сите наведени факти заклучуваме дека оваа објава е невистинита.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...