fbpx

Отворен ден на УКИМ

-

На платото пред Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе се одржи промотивен настан „Отворен ден – запознајте го УКИМ“.

Ќе бидат поставени штандови на факултетите, а посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и со студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, со нејзината долга традиција, мисија и визија.

Настанот е првенствено наменет за средношколците од Македонија, но претставува и можност за сите заинтересирани што сакаат да се информираат околу програмите за постдипломски и за докторски студии.

Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и на проектите на наставниците и на студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Покрај другите активности, предвидена е богата музичка програма, во рамки на која ќе настапат групи од Факултетот за музичка уметност при УКИМ, како и други содржини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...