fbpx

Откриена нова дрога во Охрид

-

Нов вид дрога, која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги, открила охридската полиција при претрес на 23-годишно момче од Битола, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, станува збор за 25Ц-НБОМе, синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство.

– При извршен преглед кај пријавениот Т.М. (23), пронајдени се 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“, сокриени од задната страна помеѓу коланот и панталоните. Таблетите содржат психоактивна супстанца МДМА, односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци. Дополнително, во предниот џеб од панталоните, пронајдена е кесичка со патент со 30 коцки 25Ц-НБОМе – информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека дрогата во 2010 година се појавила на интернет-страниците на кои се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги.

Дрогата претставува дериват на психоделик фенетиламин 2Ц-Ц. Според силата на дејството, оваа дрога е послаба од „Ел-Ес-Ди“.

Од МВР информираат дека за случајот до Министерството за здравство ќе биде доставено известување дека на илегалниот пазар се појавила нова супстанција што дејствува како дрога, за поведување постапка за внесување на оваа супстанција во листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги.

Против битолчанецот Т.М., СВР Охрид поднел кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...