fbpx

Осум дена притвор за прилепчанец кој извршил „тешка кражба“

-

Г.Т (26) од Прилеп доби мерка притвор во трање од осум дена поради сомневање дека сторил „тешка кражба“ пред пет дена на улица „Атинска“ во Скопје каде заедно со уште едно лице се стекнале со имотна корист од 1.050.000 денари.

„Тешката кражба, е извршена со обивање на влезната врата на станот кој откако го пребарале одзеле златен накит, рачни часовници и 2.500 евра. По извршување на кривичното дело, тие на скалите се разминале со ќерката на оштетениот сопственик на станот која во тој момент влегла во влезот од зградата. Истата во обид да ја отклучи влезната врата од станот, забележала дека бравата е обиена, а кога ја отворила влезната врата видела дека инвентарот во ходникот е претуран. Веднаш се посомневала во лицата со кои се разминала на скалилата и со трчање се упатила кон соседката, која во моментот била во ходникот со уште едно лице кои исто така ги забележале Г.Т и другото лице. Тие се упатиле кон осомничените, а граѓанинот успеал да го фати и задржи Г.Т. Другото непознато лице успеало да избега, носејќи со него една кеса со непознати предмети“, информираат од МВР.

По пријавувањето на кривичното дело на местото на настанот пристигнала полицијата која го лишила од слобода Г.Т.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...