fbpx

Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов

Осомничениот за пукањето во Мејн во кое беа убиени 18 лица беше пронајден мртов по тридневна потрага

-

Роберт Кард, осомничениот за масовното пукање во Мејн во среда, беше пронајден мртов по тридневна потрага. Кард се самоубил со истрел од пушка, известува Би-би-си.

Во пукањето беа убиени 18 луѓе, од 14-годишна до 76-годишна возраст.

„Можам да испуштам воздишка знаејќи дека Роберт Кард веќе не претставува закана за кого било“, изјави гувернерката на Мејн Џенет Милс на прес-конференција.

Милс рече дека пронаоѓањето на телото ќе ѝ овозможи на заедницата да тргне по долгиот и тежок пат на колективно заздравување.

Претседателот на САД Џо Бајден рече дека последниве неколку дена биле трагични не само за Мејн, туку за целата држава. Тој се повика на Републиканците во американскиот конгрес да гласаат за порестриктивни закони за поседување оружје.

Инаку, пукањето се случи оваа среда во Луистон, вториот најголем град во Мејн. Имаше истрели на две локации, во куглана и бар.

Најмалку 22 луѓе загинаа во вооружен масакр во САД, напаѓачот е идентификуван

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...