Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев:
Ветување: Бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение во Кавадарци
[Извор: Тајм.мк; Нетпрес; Датум: 28.09.2021]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, дадено за време на кампањата за локалните избори кои се одржаа во октомври 2021 година, е исполнето. Од почетокот на овој месец основците од прво до петто одделение во Кавадарци добиваат бесплатна ужинка.
Од кабинетот на Јанчев деновиве (02.05.2023) информираа дека локалната самоуправа во Кавадарци обезбедила бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта.
Ова значи официјално реализирање на ветениот проект ,,Оброк за секое дете”, што беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, изестија од Општината.
Информација и фотографии за реализација на проектот „Оброк за секое дете“ на Фејсбук сподели и градоначалникот Јанчев, а веста беше објавена и во дел од медиумите.
ИЗВОРИ:
- Нетпрес (28.09.2021): Митко Јанчев ветува бесплатен оброк за сите ученици во Кавадарци од прво до петто одделение [Проверено на: 05.05.2023]
- Тајм.мк (28.09.2021): Митко Јанчев ветува бесплатен оброк за сите ученици во Кавадарци од прво до петто одделение [Проверено на: 05.05.2023]
- МКД (02.05.2023): Во Кавадарци од денеска учениците од прво до петто одделение имаат бесплатен оброк [Проверено на: 05.05.2023]
- Тајм.мк (02.05.2023): Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение од денеска во Кавадарци [Проверено на: 05.05.2023]
- Фејсбук профил на градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев (02.05.2023): Оброк за секое дете [Проверено на: 05.05.2023]