fbpx

Ангелов: Додека не се утврдат точните штети, мостот „Беласица“ ќе остане затворен

Сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен изменет режим

-

Мостот „Беласица“, кој го поврзува Ист гејт со железничката и автобуската станица ќе биде потполно затворен за пешаци и моторни возила додека се утврдат и санираат штетите од пожарот кој ноќеска го зафати долниот дел на мостот.

Како што кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, ваква одлука донесе Град Скопје, затоа што овој мост претставува опасност и може да се случи да се одронуваат бетонски парчиња.

Ангелов истакна дека пожарникарите излегле веднаш, но не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот.

„Заклучокот беше дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средина на мостот минува цевка со дијаметар од еден метар низ која минува топла вода за парното во Скопје. Благодарение на нивната акција околу два часот пожарот беше ставен под контрола, а околу 4 часот беше целосно изгаснат“, рече Ангелов.

Тој, исто така рече дека високата температура на огнот, која надминувала 1.000 Целзиусови степени предизвикала пукање на заштитниот бетон со кој е намачкан мостот, што може да предизвика оштетување на арматурата.

Ангелов истакна дека сè додека не се утврдат точните штети на кои работи тим од Градот и неколку професори од Градежниот факултет, ЦУК нема да ризикува и мостот ќе остане затворен. Градот Скопје ќе донесе одлука кога ќе биде безбедно да се отвори мостот, откако санирањето ќе биде завршено.

Во моментов за сообраќај во двете насоки е затворен мостот, и тоа од крстосницата со ул. Ѓуро Ѓоновиќ и ул. Никола Карев до крстосницата помеѓу ул. Беласица и бул. Гоце Делчев. Сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен изменет режим, а сега возилата се пренасочуваат по околната сообраќајна улична мрежа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...