„Генералка викенд“: Волонтери ја чистат депонијата кај Јажинце

„Генералка викенд“ е акција во која годинава се пријавени над 16.000 волонтери

-

„Отпадот што нè окружува е наш производ. Ние луѓето сме го создале и сме го оставиле зад нас. Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата, да се вклучиме во најголемата волонтерска акција „Генералка викенд“ и собирајќи го отпадот да и го вратиме сјајот на природата“, рече министерката за животна средина и просторни планирање, Каја Шукова од теренот на пролетната акција за чистење на депонијата кај Јажинце во општина Јегуновце.

„Генералка викенд“ е акција што Министерството ја поддржува од првата година, кога биле вклучени само 10 општини и 1.000 волонтери. Годинава, како што информираат од Министерството, бројот на општини е 53, а бројот на пријавени волонтери e повеќе од 16.000.

Фото: МЖСПП

Оваа акција е најмасовна и најинклузивна акција за чистење на отпад на територијата на целата држава што се организира како соработка на повеќе приватни компании, државни институции, претставници на дипломатскиот кор, локални самоуправи, 400 училишта, локални поддржувачи и спортски клубови.

„Со засадување на дрвна садница за секои 10 килограми собран отпад, акцијата овозможува „засадување на отпадот во зелена иднина“ и претставува извонреден начин да се демонстрира моќта на заедништвото и координативата работа во интерес на животната средина и квалитетот на живото на сегашните и идните генерации“, се вели во соопштението на Министерството за животна средина.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...