fbpx

Османи побара од Германија „таргетирана билатерална поддршка“ за реформите

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи имал одделни средби со директорот на Директоратот за развојна соработка во Сојузното министерство за економска соработка и развој Андреас Гис и со потпретседателот на Управниот одбор на Германската агенција за меѓународен развој Кристоф Бајер на кои се заблагодарил за поддршката која Германија и ја дава на Македонија и на земјите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите, соопштија денеска од Секретаријатот за европски прашања.

– Имајќи ја предвид политичката поддршка, како и финансиската и развојна поддршка на Македонија, Германија ја сметаме за земја пријател и партнер на нашата земја за европски и евроатлантски аспирации – изјави Османи.

Тој ги запознал соговорниците за новата политичка клима во Македонија, фокусот на новата Влада кон евроинтеграциите, имплементацијата на планот „3-6-9“. Гис и Бајер истакнале дека Берлинскиот процес претставува одлична можност за зголемување на регионалната соработка меѓу земјите до Западниот Балкан, нешто што претставува и услов за членство во Европската Унија.

Османи посочил дека Владата останува посветена на целосно спроведување на реформите кои се од клучно значење за враќање на земјата на патот на ЕУ. Тој истакнал дека особено е важно, покрај помошта која се обезбедува преку ИПА фондовите, да се обезбеди и таргетирана билатерална поддршка која ќе придонесе за успешно и ефикасно спроведување на клучните реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...