fbpx

Општините во Полог ќе започнат проект за подобро управување со цврстиот отпад

-

Деветте општини во Полошкиот регион ќе спроведат проект за интегрирано управување со отпад, финансиран од швајцарскиот Државен секретаријат за економски прашања (SECO). Грантот за реализација на проектот изнесува 7,8 милиони франци, соопшти градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

– Предвидено е за една година да се доврши физибилити студијата и системот за менаџирање на отпадот. Од денеска започнува практичниот дел од првата фаза на проектот за реализација и стандардизација на депонијата Русино – рече Арифи.

Од швајцарскиот државен секретаријат, потенцираа дека овој проект не само што ќе придонесе за чист воздух во регионот, туку ќе игра важна улога и во подобрувањето на општото здравје за сите граѓани во Полошко.

Проектот е дизајниран да се имплементира во две фази. Во првата се обезбедува техничка помош за развој на рамковните услови за интегриран систем во регионот, додека втората фаза ќе се фокусира на реализација на регионални инвестициски мерки и потребната институционална поддршка.

На денешната прес-конференција беше истакнато дека постојано се остварува контакт со локалното население од општините во Полошко. Нивните услови за испитување на квалитетот на почвата, водата и воздухот ќе бидат исполнети уште во наредните неколку недели, а потоа ќе се вршат консултации со експерти за идните активности на терен.

Од општина Тетово информираат дека проектот е дизајниран да обезбеди напредни решенија за управување со отпад, базирани на концептите и стандардите на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...