Опремата за прислушување ја користеле и лица надвор од УБК и МВР

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има докази дека опремата за прислушување освен лица кои работат во МВР, ја користеле и „други лица“ надвор од Министерството, изјави обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа во својата презентација на случајот „Тврдина“, меѓудругото рече дека првоосомничениот (Горан Грујовски, н.з.) „заради прикривање на „други лица“ кои неовластено ги користеле системите за следење на комуникациите при УБК, издал усна наредба до раководните лица на организационите единици во рамки на Одделот за оперативно техничка поддршка на операции за доставување на известување за состојба на материјално технички средства во Управата за безбедност и контраразузнавање… со цел да се прикаже наводна потреба од уништување на системите за следење на комуникации“.

Ристовска потенцира дека за кои „други лица“ станува збор како и тоа колкав е нивниот број, не може да соопшти бидејќи тоа е во рамките на предистражната постапка што ја води СЈО.

– Во овој момент она што го соопштивме е тоа што можеме да го кажеме, а да не и наштетиме на истрагата. Ве уверуваме дека ние имаме докази кои посочуваат на тоа дека и други лица ги користеле и ги злоупотребувале системите за следење на комуникации, во рамките на министерството и вон министерството. Околу обемот на лицата, основот на сомнение сè уште не е на тоа ниво за ние да можеме да го изнесеме во јавност. Тоа е во рамките на предистражна постапка која што и понатаму продолжува и за која што веруваме дека во иднина ќе имаме релевантни информации кои ќе можеме да ви ги соопштиме. А секако дека имаме докази, не е дека ние неосновано тврдимe дека системите биле користени од други лица – рече Ристовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...