fbpx

Околу 445.000 граѓани имаат проблем да обезбедат храна и се на еден оброк дневно

-

Oколу 445.000 граѓани имат проблем да обезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот. Во исто време, се фрла помеѓу 4.500 и 6.500 тони храна, во вредност помеѓу 8 милиони и 11,6 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со три оброка дневно.

Оваа анализа ја презентирале неколку граѓански здруженија на состанокот во Министерството за труд и социјална политика, на кој освен министерката Мила Царовска, присуствувале и  министерот за финансии, Драган Тевдовски, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Причината за фрлање храна лежи во неколкуте законски пречки, како што се одговорност од несакани последици, но и даночните проблеми. Беше побарано да се воведе едноставна процедура за даночни поттикнувања за тие што ја донираат храната, да се подготви владина програма за поддршка на граѓанските организации кои би ја дистрибуирале храната, да се направи список на храна која може да се донира по поминувањето на нејзиниот рок“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Претставниците на граѓанските здруженија и надлежните институции договориле во идниот период да се формира работна група, за да се операционализираат мерки што би го овозможиле донирањето на вишоците храна и би им се помогнало на илјадници социјално загрозени граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...