fbpx

ОЈО со мерки за обезбедување на присуство на осомничените за трговија со дрога

-

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради постоење на законските основи, како и заради избегнување на попречување на водењето на кривичната постапка до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднел предлог за изрекување на мерки за обезбедување на присуство на петмина осомничени за трговија со дрога.

„Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, поради основано сомневање дека како организирана група неовластено држеле и продавале наркотична дрога – кокаин, пронајдена кај дел од нив при личните претреси и претресите во нивните домови. Кај двајца од осомничените е пронајден и различен вид на муниција што неовластено ја држеле, поради што против нив се води постапка и за сторено кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик“, информира Основното јавно обвинителство.

ОЈО по преземени истражни дејствија во текот на изминатите месеци, за сите осомничени обезбедило материјални и други докази врз основа на кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...