fbpx

ОЈО: Лекарка од заводот Демир Капија обвинета за смртта на 12-годишно дете

-

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против лекарка од Специјалистичкиот завод Демир Капија за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според ОЈО, лекарката спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 05.10.2020 година настапила смрт.​​

Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

Таму, во периодот од 01.10 до 05.10.2020 година, укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...