fbpx

Охридска резба во Рим за чествувањето на свети Кирил

-

Охридскиот Завод за заштита на спомениците на културата и музеј ќе ја организира изложбата „Уметноста на македонската резба – традиција и континуитет“ во рамките на 47. манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим.

Изложбата ќе биде отворена на 23 мај во комплексот „Виторијано“ на фреквентниот плоштад Венеција. Посетителите и туристите на италијанската престолнина ќе може до 7 јуни да видат 35 македонски резби од 14 до 20 век изработени од охридски мајстори.

Отворањето на изложбата ќе биде придружено со концерт на Дуке Бојаџиев, кој ќе изведе авторска музика.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на прес-конференција истакна дека со изложбата на резбите ќе биде потврдена виталноста на македонската вековна традиција.

– Доминираат артефакти од дрворез – резби создавани од крајот на 13 век, иконостаси кои се симбол на препознатливост на охридските цркви, релјефни икони со светители и библиски сцени и уметнички резби со фасцинантна орнаментална декорација – вели Канческа-Милевска.

Директорката на Завод и музеј Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, соопшти дека изложбата ќе биде хронолошки пресек на на резбарската традиција во Охрид, почнувајќи од највредните експонати кои ги има Заводот кои датираат од 14 до 20 век, сè до дела на современи охридски резбари.

– Тоа сведочи дека оваа вековна традиција, која претставува спој на занаетот, уметноста, талентот и на љубовта кон убавото, непрекинато живее и го создава нашето ново културно наследство. Во Охрид денес работат триесетина резбари. Иако не постои резбарско училиште, резбарската традиција непрекинато им се пренесува на младите генерации – рече Паскали-Бунташеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...