fbpx

Ограбена обложувалница во Куманово

-

Вчеравечер, во 23 часот, во Куманово, две маскирани лица вооружени со пиштол ја ограбиле спортската обложувалница „Моцарт“ и украле 100.000 денари.

„Две лица, маскирани со маски на главите, од кои едното вооружено со огнено оружје пиштол, извршиле разбојништво над вработената В.С. од Куманово. Откако влегле во обложувалницата, едно од лицата се доближило до уплатното место каде била вработената и со закана со пиштолот, кој го вперил во неа преку стаклото, ѝ подало ќесе за да ги стави парите, околу 100.150 денари“, велат од МВР.

Крадците потоа избегале од местото на настанот, а полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ќе се отстрануваат детските реквизити пред спортскиот центар „Борис Трајковски“

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк...