Наставници од „Орце Николов“ го поддржуваат штрајкот на СОНК

-

Синдикалната организација на Гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, со отворено писмо ја извести јавноста дека 42 наставници од гимназијата ќе го продолжат штрајкот на СОНК.

„Овој штрајк е наш апел за подигнување на свеста на наставниците дека имаат лична и морална одговорност да изразат солидарност и почитување на работничките права. Наставниците – штрајкувачи целосно застануваат зад барањата на СОНК, во кои јасно стојат и ставовите за целосно редефинирање на проектот екстерно тестирање“, се вели во писмото.

Наставниците велат дека настапуваат само во одбрана на вистинскиот квалитет и на вистинските вредности и во одбрана на знаењето на учениците, кое се обезвреднува со, според нив, „екстерен квиз“, составен од честопати неважни факти, кои не се квалификатив за знаење.

„Сметаме дека премолчувањето на вистината за проблемите во македонското образование, особено од самите наставници, е недозволив чин на помирување со негативните последици од екстерното тестирање, со административните обврски и со уште многу други проблеми. Токму сега наставниците треба да бидат единствени и да покажат општествена и морална одговорност како интелектуалци“, се вели во отвореното писмо на наставниците.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...