fbpx

Одбележан роденденот на планетата Земја

-

Во организација на Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „Такт“, попладнево на градскиот плоштад Свети Климент Охридски во Охрид, со голем еко-настан, одбележан е Светскиот ден на планетата Земја.

Настанот содржеше музички изведби, одбрана поезија, работилници за јога, сликарски перформанс, рециклирачко-уметничка и фотографска работилница, а за неговото времетраење модератори потсетуваа на научните податоци и на факти за езерото.

Целта е да се подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридско Езеро.

– Привилегија е да се живее на брегот на Охридско Езеро. Комплетно ентузијастички и волонтерски во здружението „Такт“ се зафативме да го организираме овој настан. Целта е макар и микронски да ја подигнеме свеста на охриѓани, зашто, како што знаете, природата памети и враќа – рече Енис Хилми од Здружението „Такт“.

Познатата македонска алпинистка Илина Арсова апелира на поголема заштита на Охридско Езеро кое, како што рече, е препознатливо во целиот свет.
– Ние во нашиот едукативен систем изоставаме настава за подигнување на свеста и за едуцурање на младите уште од мали нозе што е екологија и како треба да се третира и респектира животната средина во која живееме. Претпоставувам дека надлежните ги сфаќаат критиките на еколозите, но некогаш, ако има некои бизнис-интереси кои се вмешани во екологијата, тогаш тоа ќе биде тешка борба. Во врска со Охридско Езеро, како природно наследство, целата наука и сите научни аргументи препорачуваат зачувување на ова богатство. Ако светот го препознава како светско природно наследство, тогаш можеме и ние – истакна Арсова.

Охриѓанецот Славчо Христов, кој работи како професор од Националниот институт за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, нагласи дека уништувањето на природата е неповратно и токму затоа е потребна поголема грижа и заштита на природните ресурси.

– Охридскиот регион изобилува со исклучителни природни вредности. Во 1979 година, Охридско Езеро е прогласено за светско природно наследство на УНЕСКО токму поради природните вредности што ги поседува, за следната година да бидат вклопени и културните и историските вредности. Очигледно дека цивилизацијата на овој простор отсекогаш зависела од природните ресурси. Навистина ме чуди, во 21 век да се појавуваат иницијативи кои сакаат да ги доуништат на непримерен начин оние природни богатства кои реално малку останале како сведоштва. Уништувањето на природата е неповратно и ништо не може да ја замени, никакви школки, плажи, бетонски палми, пристаништа кои служат на определена мала група луѓе – подвлече Христов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...