fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ стои зад приказната со венецот на Борјан Јовановски

-

Денешната прес-конференција на Зоран Заев и на СДСМ е доказ дека сето ова е дел од нивното пошироко сценарио за дестабилизација, оцрнување на државните институции преку објавување сечени, монтирани и прилепувани материјали кои се прикажуваат во манипулативен контекст, реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, на сите им е јасно дека срамната приказна со венецот на новинарот Бојран Јовановски е измислена и е во функција на сценариото за денешната прес-конференција, што само ја покажува монстроузноста и моралниот дефект на раководството на СДСМ и на новинарите што работат во соросовите медиумите во Македонија, кои се директни учесници во мрачните игри на раководството на СДСМ.

„Денеска дознавме дека, всушност, Зоран Заев се крие зад здружението „Тодор Александров“ кое, наводно, го пратило венецот кај Борјан за да исценираат однапред испланиран настан и да се соберат лица кои се финансирани од соросовата фондација и од раководството на СДСМ“, стои во писмената реакција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...