fbpx

Од вкупниот број заразени, 181 лице биле без симптоми на корона вирусот

-

Анализата на Инстиутот за јавно здравје за кумулативната состојба за корона вирусот во државата согласно 6 април 2020 покажува дека поголемиот број заразени кај нас се жени, односно 312 наспорти 287 мажи. Кај заболените просечна возраст е 46 години, а најголем број се на возраст од 50-59 години.

Покрај заболувањето од корона вирус, кај 167 заразени лица присутни се и хронични состојби од кои најмногу (155) со кардиоваскуларна болест, 33 со дијабет, 33 со хронична белодробна болест, 10 со хронична бубрежна болест и 23 со други хронични болести. Карактеристично е што околу 30% од пријавените заболени т.е 181 лице е или биле без симптоми. Во однос на останатите симптоми најчесто се регистрирани температура (64%), кашлица (60,9%), слабост (34,3%), треска (19,7%), главоболка (17,5%), болка во грло (17,3%) и отежнато дишење (16,5%).

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека Скопје, Дебар и Куманово се во фаза 4 односно широко распространета трансмисија во заедницата. Останатиот дел од државата е во фаза 3 т.е локализирана трансмисија.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата воведе дополнителни ограничувања за движењето за граѓаните на територијата на целата држава за време на работните денови и викендите.

Денеска во 16 часот почнува да важи полицискиот час за кој е предвидено во работната недела да трае до 5 часот наредниот ден. За викендите мерката ќе трае 24 часа. Поради ова, следат и промените во јавниот автобуски и возниот ред на патничките возови. Домашните миленици во викендите ќе може да се шетаат три пати дневно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...