fbpx

Град Скопје нема да врши присилна наплата на данок

-

Град Скопје ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои пристигнуваат на нивните адреси, беа испратени пред да се случи епидемијата со коронавирусот во нашата држава, а поради новонастанатата состојба, нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници.

„Поточно, додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови“, информираат од Градот.

Додаваат дека, сите случаи каде даночните и таксени обврзници нема да добијат решенија или во нив ќе забележат недостатоци и неправилности, ќе се решаваат по укинување на вонредната состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...