Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар за литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,5 денари, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
„Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1%“, соопштува РКЕ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16 февруари. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83 денари, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,5 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,1 денар за килограм и со тоа малопродажната цена изнесува 41,8 денари за килограм.