fbpx

Од денеска основните прехранбени производи без ограничени маржи

Цените на белиот леб, шеќерот, сончогледовото масло, брашното од пченица - тип 400 и тип 500, но и јајцата, тестенините, оризот, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката, јогуртот – од денеска ќе се утврдуваат според пазарните услови

-

Од денеска престанува да важи владината одлука за ограничување на трговските маржи која се однесуваше на основните прехранбени производи. Цените на белиот леб, шеќерот, сончогледовото масло, брашното од пченица – тип 400 и тип 500, но и јајцата, тестенините, оризот, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката, јогуртот – сега ќе се утврдуваат според пазарните услови.

Од Министерството за економија во изјава за медиуми рекоа оти состојбата се следи и дека засега домашните цени се стабилизирани, а доколку се оцени дека треба да има продолжување на рокот за ограничување на трговските маржи, тоа и ќе се спроведе.

Владата на 14 јуни минатата година донесе Одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо. Важноста на првичната одлука до 30 септември 2022 година беше продолжувана неколку пати – последно во април годинава кога беше одлучено рокот на траење на мерката да се продолжи до 30 јуни.

Согласно одлуката, највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) беше утврдена во висина до 5 отсто во трговијата на големо и до 5 отсто во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт – беше утврдена во висина до 10 отсто во трговијата на големо и до 10 отсто во трговијата на мало.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...