fbpx

Обвинителството бара притвор за таткото што си ја претепа до смрт двегодишната ќерка

Таткото, кој е на возраст од 29 години, ѝ нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра, информира обвинителството

-

Основното јавно обвинителство Кичево донело наредба за спрoведување истражна постапка против Ф.Д (29), за кривично дело – убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека на 18 декември крвнички ја претепал својата двегодишна ќерка, која по 21 ден борба за живот, починала на скопската клиника.

„Осомничениот 29 годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој ѝ нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“. Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, информираат од Јавното обвинителство.

Денеска соопштение за случајот испрати и Министерството за здравство, од каде што информираа дека на 19 декември, во Ургентниот центар во општата болница Кичево во коматозна состојба е примено двегодишното девојче.

„Девојчето, првично во болницата во Кичево е донесено од нејзината мајка. Поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиргија. И покрај сите заложби на лекарите, за жал девојчето подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година. Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи“, информираат од министерството.

Според доброупатени извори на Мета.мк, семејството имало седум деца, а таткото бил зависник од наркотични средства. Судија на претходна постапка треба да одлучи дали нему ќе му биде одреден притвор, а дополнително, можно е и истражување на улогата на мајката во случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...