fbpx

Облачно со врнежи од дожд и од снег

-

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно, со умерен, повремено засилен северен ветер. Ќе има врнежи кои ќе бидат поинтензивни во источните делови од земјата, особено во текот на ноќта.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а на југоисток од дожд. Во северните и во западните делови од земјата, врнежите на пониските места ќе бидат повремено од дожд и од снег. На планините ќе се формира нова дополнителна снежна покривка, на места со дебелина од 20 сантиметри нов снег, а новите количества врнежи на места ќе надминуваат 25 литри на еден квадратен метар за 24 часа.

Температурата ќе се движи од нула до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје, температурата ќе достигне 5 Целзиусови степени.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...