fbpx

Нуланд: САД секогаш ќе бидат тука за Србија

-

САД разбираат дека Србија има традиционално цврсти врски со Русија и не гледаат контрадикторност во тоа Белград да има добри односи и со Русија и со САД, порача помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, која e е во посета на Србија.

– Никогаш не би ни помислиле од партнерот и од сојузникот Србија, да бараме да избира страна – изјави Нуланд.

Таа нагласи и дека САД „секогаш ќе бидат тука за да ја поддржуваат Србија на нејзиниот европски пат“ и рече дека високо ја вреднува улогата што Србија ја има во регионот – во регионалите иницијативи и помирувања.

Помошникот државен секретар на САД изјави дека Америка го смета за многу важно продолжувањето на дијалогот на Белград со Приштина.

За Србија, Нуланд оцени дека продолжува по патот на демократските реформи, на зајакнувањето на владеењето на правото, слободата на медиумите и на создавањето поволни услови за странски инвестиции.

– Му честитаме на премиерот за новиот мандат. Драго ми е што можеме да разговараме за тоа како Србија се движи понатаму – изјави Нуланд.

Таа му се заблагодари на Вучиќ во името на претседателот на САД, Барак Обама, и за тоа што Србија помогна да се релоцираат двајца некогашни затвореници од Гвантанамо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...