Најновиот филм на Горан Столевски, натприродниот хорор филм „You won’t be alone“ влезе во официјалната селекција на Sundance Film Festival за 2022 година.
Ова е деби долгометражен филм на македонскиот режисер и сценарист кој живее и работи во Австралија. „Ти нема да бидеш сама“ е во продукција на американската продукциска компанија Focus Features, на кој има работено продуцентката Кристина Сејтон и кинематографот Метју Чанг.
„Приказната што се одвива во 19 век во едно изолирано село со девојчето кое е украдено од својата мајка и претворено во вештерка преку древниот и променлив во форма дух е филм каков претходно никогаш не сте гледале. Впечатливата уметност и естетика го меша натрпиродниот хорор (без недостиг на крв) со поетска басна принесувајќи чувствителна медитација на животот што е неочекувано емотивна и длабоко хумана. Дури и злонамерната древна сила, создадена со патење и осаменост е контуриран карактер“, пишуваат од Sundance Film Festival.
Главниот лик или малата вештерка е толкувана од повеќе актерки вклучувајќи ги и Наоми Рапејс, Алис Енглерт, Карлото Кота и Сара Климоска. Вештерката претставува преминувачки дух кој преку последователни животи од жена, маж, мајка и дете искусува што значи да си човек.
Ова е втор пат филм на Горан Столевски да влезе во номинациите на престижниот фестивал. Првиот пат тоа беше за филмот „Види ја ти неа“ (Would you look at her, 2017) што е во македонска продукција и кој во 2018 година победи во категоријата најдобар интернационален филм.
Оваа година фестивалот Sundance официјално започнува на 20, а завршува на 30 јануари.