fbpx

Нови 37 заболени од ковид-19 од 484 тестирања, оздравени 251 пациенти, а починале шестмина

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.018.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...