Фото: Ковид-19 пациент на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5,  Струмица и Гевгелија – по 4,  Струга, Делчево и Валандово – по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 341 оздравени пациенти од: Скопје – 186, Кавадарци – 24,  Куманово – 18, Тетово – 16, Прилеп – 14, Струмица – 11, Битола и Гевгелија – по 9, Гостивар, Велес, Дебар и Ресен – по 7, Кичево, Берово и Демир Капија – по 5, Радовиш – 3, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно пет починати лица. Починати се тројца пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по еден пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.