Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Во последните 24 часа направенo е 591 тестирање, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Во болнички услови починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.122 оздравени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78.434, бројката на оздравени пациенти е 55.155. Починаа 2.314 лица, а бројот на активни случаи изнесува 20.965.