fbpx

Нова рунда преговори во Брисел меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

-

Преговорите меѓу претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на политичката криза во Македонија продолжуваат денеска во Брисел.

Посредници во дијалогот се поранешниот и новиот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и Иво Вајгл, како и словачкиот европратеник Едвард Кукан.

Првата средба во Брисел се одржа пред две недели.

Во името на опозицијата преговараа заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како и Рената Десковска и Виктор Габер, додека од страната на власта на преговорите беа министрите Никола Попоски и Никола Тодоров и пратеникот Илија Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...