fbpx

Нов протест на бегалците и блокада на автопатот Евзони – Солун

-

Автопатот од грчко-македонската граница кон Солун повторно е блокиран од бегалци. Околу стотина лица го блокираат патот во близина на Поликастро од револт од условите во кои живеат во привремените мигрантски кампови и центри во Идомени и во Кукуш.

Првата блокада бегалците ја поставија вчера, протестирајќи и кај Поликастро и кај преминот Евзони. Од изутринава повторно блокираат со барање да се отворат границите и бидат пуштени кон ЕУ, објаснувајќи дека не можат да го издржат животот во мигрантските кампови и не сакаат да останат во Грција.

Полицијата го има затворено патот и не дозволува возачите да пристапат до бегалците за да не дојде до дополнителна тензија.

Грчките медиуми пренесуваат неофицијални информации дека со бегалците можно е да има и волонтери-поддржувачи, кои им даваат шатори и кои ноќеска ги убедувале да останат и да преспијат на патот и да ги блокираат и двете страни, односно и патот кон границата и насоката кон Солун.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...