fbpx

Нишани: Некои политички фигури во Македонија поттикнуваат вештачки поделби

-

Неодамнешните изјави на „некои политички фигури“ во Македонија поттикнуваат вештачки поделби и меѓуетничка омраза и им штетат на Македонија и на нејзините евроатлантски перспективи, рече претседателот на Албанија, Бујар Нишани, во интервју за телевизискиот канал „Еј-би-си“.

Тој рече и дека Албанија ја поддржува платформата на албанските партии, бидејќи таа ќе го осигури спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, кој, според Нишани, досега не е спроведен во предвидените параметри.

Не споменувајќи го својот македонски колега по име, Нишани дипломатски го коментира говорот на Иванов, со кој македонскиот претседател одби да го даде мандатот за влада на СДСМ, иако партијата ги доби поддршката и потписите од сите политички партии на македонските Албанци.

– За жал, неодамнешните изјави на некои политички фигури во Македонија се изјави што поттикнуваат вештачки поделби и меѓуетничка омраза, што пред сè е штетно за Македонија, штетно за сите граѓани на Македонија и штетно за евроатлантските перспективи на Македонија – порача Нишани.

Претседателот на Албанија зборувајќи за најновиот развој на настаните во Македонија, во интервјуто рече дека албанската држава не се меша во внатрешната политика на ниту една земја, вклучително и Македонија. Сепак, тој нагласи дека Албанија има уставна обврска да ги поддржува и да се интересира за почитувањето на правата и на слободите на сите Албанци, без разлика каде живеат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...