fbpx

Атанасов: Веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели

-

Остра осуда до повиците до ученици да се бојкотира наставата заради протестите во последниве денови, изрече денеска Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ.

– Тие што злоупотребуваат деца и ученици, за лични, партиски, криминални агенди, многу бргу ќе се соочат со законот и ќе одговараат. Недозволиво е да се повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело! – рече тој.
Атанасов побара раководствата на училиштата да ги заштитат учениците и да не дозволат никој да манипулира и да ги злоупотребува за партиски цели.

– И учениците и родителите имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден и потоа – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...