fbpx

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ги впрегна сите институции за да се одржи на власт

-

Хаосот со избирачкиот список мора да се расчисти докрај, а сите луѓе што се вмешани во изборени криминал ќе мора да одговараат, рече дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, на средба со грѓаните во Битола.

– Сведоци сме и на обидот на Уставниот суд да ги амнестира, односно да овозможи помилување на сите што учествувале во фалсификување на народната волја. Оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ ги впрегна сите институции во функција да се одржи на власт на локално и на централно ниво. Само вчера објавивме еден огромен скандал со кој потврдивме дека и државните институции се злоупотребени, дека и парите на земјоделците не оделе кај вистинските земјоделци, туку завршуваат кај луѓе и фирми блиски до власта. Но, едно е јасно, институциите ќе се демократизираат, избирачкиот список мора да се прочисти докрај. Мора да се направи теренска проверка од страна на Државната изборна комисија – рече Николовски.

Николовски е сигурен дека граѓаните нема да дозволат Уставниот суд да ја исполни наредбата што е дадена на послушниците кои се судии во Уставниот суд, а што доаѓа од владејачката партија.

Тој смета дека граѓаните ќе го заштитат Уставот на Република Македонија, а дека сите што се вмешани во изборен криминал мора да одговараат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...