fbpx

Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните

-

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза, рече заменик-министерот за финансии Филип Николоски образложувајќи го предлогот за ребаланс. Како што додаде тој, за нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат средства во износ од 4,7 милијарди денари.

„Средствата за активни мерки за нови вработувања се зголемени за три ипол пати споредбено со 2016 година, односно од 521 милион денари на 1,9 милијарди денари“, истакна заменик-министерот Николоски.

Како што додаде тој, во време на глобална економска криза, потребно е рационално користење на средствата од Буџетот и штедење онаму каде што има можност.

„Со ребалансот на Буџетот средствата за материјали и ситен инвентар се намалени за 171 милион денари, додека средствата за купување нови возила се скратени за 107 милиони денари“, рече Николоски.

Во однос на стандардот на граѓаните тој изнесе податоци дека просечната нето-плата за четири месеци од годинава се зголемила за 10 проценти, што, според него, го покрива порастот на инфлацијата во овој период од годината.

„Согласно последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, во април просечната нето плата изнесува 31.525 денари. Можеби и тоа не е доволно, но важно е што има континуиран раст. Просечната нето плата бележи раст од 41 процент во споредба со 2016 година кога истата изнесувала 22.342 денари“, рече Николоски.

Притоа заменик министерот нагласи дека здравствените работници, просветните работници односно вкупно над 90 илјади вработени во јавниот сектор, добиле или ќе добијат повисоки плати.

Воедно, како што рече, продолжува грижата и за пензионерите и подобрување на нивниот стандард, при што средствата за пензии во Буџетот се зголемени за 33 отсто во однос на 2017 година и истите со ребалансот изнесуваат 68 милијарди денари.

„Со ребалансот на Буџетот се зголемуваат и средствата за трансфери кон општините, се со цел подобрување на условите за живот во сите општини. Така, во 2017 година транферите кон единиците на локална самоуправа изнесувале 17 милијарди денари, а со ребалансот истите изнесуваат 23 милијарди денари или 6 милијарди денари повеќе“, рече Николоски додавајќи дека се обезбедуваат нови дополнителни над 800 милиони денари кон општините.

Притоа, како што рече, за движењето на економијата, јасно говорат и податоците за Бруто домашниот производ во апсолутен износ. Така ако БДП во 2016 година изнесувал 9,6 милијарди евра, во 2022 година истиот е проектиран на 13,1 милијарди евра, што е раст за 36,5 проценти односно за цели 3,5 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...