fbpx

Неколку илјади луѓе во Белград протестираат поради Савамала

-

Неколку илјади луѓе се собраа синоќа пред градското обрание на Белград на протест поради нелегалното уривање објекти во населбата Савамала, заради изградба на проектот „Белград на вода“.

Протестот беше одржан под слоганот „Нема страв, нема предавство“, а беше завршен со прошетка низ градските улици до зградата на Вишото јавно обвинителство, кое ни по пет месеци не ја завршило истрагата за случајот „Савамала“.

Учесниците носеле транспаренти на кои пишувало „Паѓа Мали“ (белградскиот градоначалник), „Маските паднаа“, „Фантомките убаво ви стојат“, „Поради слобода, не даваме“. На протестот имало и жолта шатка која станала симбол на протестите.

Протестот по шести пат го организираше иницијативата „Не го давиме/даваме Белград“ (Не да(је)мо Београд), барајќи оставки на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, градоначалникот на Белград, Синиша Мали и други градски функционери поради нелегално уривање објекти, врзување и малтретирање луѓе во населбата Савамала и поради тоа што полицијата не одговорила на повиците за помош.

Вечерта по одржаните парламентарни избори во Србија, меѓу 24 и 25 април, маскирани лица со фантомки на главата, со помош на багери урнале неколку објекти во Савамала, а никој од надлежните не интервенирал на повикот на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фон дер Лајен: ЕУ да размисли за користење на замрзнатите руски средства за украинската војска

Европската Унија треба да размисли за користење на профитот од замрзнатите руски средства за купување воени материјали за Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,...