fbpx

Нова тензија во грчко-турските односи

-

По инцидентот со турските војници кои бараат азил во Атина, нова тензија во грчко-турските односи креираа изјавите на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дека било грешка тоа што Турција ги предала островите од Егејското Море на Грција со Лозанскиот договор.

Ердоган во говор во Анкара, се осврна на обидот за пуч и истовремено упати вербален напад кон Грција, коментирајќи дека некои се обидуваат да го претстават Лозанскиот договор како своја победа, додавајќи дека во договорот Турција била принудена да ги предаде островите на Грција и денес се соочува со последици од тоа.

Извори од грчкото министерство за надворешни работи коментираат дека мора да се има почит од сите за Лозанскиот договор и за целото меѓународно право, кое, како што посочуваат, е реалност на цивилизираниот свет која никој, па ни Анкара не може да ја игнорира. Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Никос Ксидакис, во интервју за телевизијата „Скај“ коментираше дека изјавите на Ердоган веројатно се само за внатрешна употреба, во период кога тој е под голем политички притисок по обидот за воен удар.

Иако грчкото МНР се обидува да не му се даде големо значење на говорот на Ердоган, во Грција изјавата се толкува како обид за ставање прашалник врз актуелната грчко-турска граница и како можни територијални претензии од страна на Ердоган. Оценките се дека турскиот претседател почнува да станува опасно непредвидлив и тешко е да се процени како тоа може да се одрази на односите меѓу двете земји.

Покрај грчкото МНР, за изјавите на Ердоган реагираа и другите политички партии. Поранешната шефица на грчката дипломатија и одговорна за надворешна политика во Нова демократија, Дора Бакојани, оценува дека изјавите само дополнително ја обременуваат тешката клима меѓу Грција и Турција. Таа побара од грчкото МНР веднаш да реагира, бидејќи какво било преиспитување на договорите и на условите врз кои се засновани грчко-турските врски може да креира идни проблеми. Од партијата Река, пак, упатија апел до Ердоган да не размислува за креирање нови причини за криза и да го почитува турскиот потпис во Лозана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...