fbpx

Не запира ерозијата на земјата покрај кејот не реката Пена

-

Ерозијата на земјата кон излетничкото место Бањиче долж реката Пена постојано се шири. Големите наноси од земја се паднати во Пена, чиј кеј е уништен од секојдневното лизгање на земјата.

Дел од тротоарот и потпорните ѕидови се одронати. Жителите кои поминуваат покрај кејот, велат дека патниот правец покрај кејот е еден од најризичните во Тетовско.

– Тука е ризично да се поминува, две коли да се разминат е опасно, едната може да заврши во река. Ризик е и за нас, тротоарот на некои места го нема, паднат е во реката, па мора да одиме по улица – вели граѓанин кој одеше кон рекреативното место Бањиче.

Ерозијата на земјата кон пределот Бањиче почна по големите поплави што го зафатија Тетовско во август минатата година

Жителите што живеат долж реката Пена, велат дека неколкупати побарале општинските власти да ги санираат последиците од ерозијата на земјата, но оттаму не добиле никаков одговор.

Од Општина Тетово изјавија дека ќе се санираат штетите, но најпрво треба да опадне високиот водостој на реката Пена.

– Ќе се изградат уништените потпорни ѕидови и шеталиштето, но мора да почекаме водата од река Пена барем малку да се повлече. Тука не можеме да интервенираме со градежни активности додека не опадне високиот водостој – изјави Хусеин Демири, раководител на сектор за сообраќај и патишта при Општина Тетово.

Од локалната самоправа велат дека и другите штети предизвикани од поплавите ќе се санираат како дел од акцискиот план за санација на последиците предизвикани од невремето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...