fbpx

Не е точно дека Владимир Кецмановиќ пробал да се самоубие

Во мноштвото информации кои се споделуваат во српските медиуми во врска со овој настан, македонските медиуми мора да внимаваат на нивната веродостојност, и ако истите не се потврдени од официјални лица да не ги пренесуваат

-

Оваа вест, која ја пренесоа повеќе македонски портали, без притоа да ја проверат нејзината веродостојност, експресно беше демантирана од српската Управа за извршување санкции, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на социјалната мрежа Фејсбук споделува  вест во која се тврди дека таткото на малолетниот масовен убиец од Белград кој уби 10 лица во училиштето „Владислав Рибникар“, пробал да се самоубие во притвор.

ТАТКОТО НА КОСТА ПОСЕГНАЛ ПО СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ: Познатиот доктор се обидел да се самоубие во затворот, се наведува во постот.

Во објавата е споделен и текст кој се повикува на српскиот портал Информер.

Владимир Кечмановиќ, таткото на Коста Кечмановиќ, кој во училиштето Владислав Рибникар изврши невидено злосторство, како што пишува Информер, вчера се обидел да се самоубие во затвор. Со сета сила ја удрил главата од ѕидот. Владимир итно бил префрлен од стражарите во затворската болница лоцирана во Централниот затвор на улицата Бачванска во Белград.

Информациите во текстот не се потврдени од ниту една официјална институција.

Оваа вест, која ја пренесоа повеќе македонски портали, без притоа да ја проверат нејзината веродостојност, експресно беше демантирана од српската Управа за извршување санкции.

Управата за извршување на кривични санкции најостро ги демантира наводите на медиумите дека приведеното лице (48) од Белград вчера се обидело да се самоубие во Окружниот затвор во Белград, каде што е во притвор од 5 мај 2023 година, по одлука на Високиот Суд за кривично дело – тешко кривично дело против безбедноста на пошироката јавност. Приведениот на ниту еден начин не го прекршил куќниот ред што важи за сите лица во притвор, ниту на кој било начин го загрозил својот живот или животот на друго лице. Со оглед на тоа што се работи за лице кое е во притвор, изнесувањето на каква било друга информација освен горенаведеното би значело прекршување на Законот за заштита на лични податоци. Со измислување на настан што не се случи, јавноста дополнително се вознемирува и се доведува во заблуда, која веќе е потресена од многу дезинформации кои, за жал, си го најдоа своето место во медиумите по трагичниот настан што се случи на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се наведува во  реакцијата на Управата.

Оттаму посочуваат дека авторот на веста за измислениот обид за самоубиство, како и медиумите кои ја објавиле без претходно да ја потврдат вистинитоста на наводите, ги прекршиле етичките принципи на професијата бидејќи отстапиле од основното новинарско правило за вистинито известување.

Во мноштвото информации кои се споделуваат во српските медиуми во врска со овој настан, македонските медиуми мора да внимаваат на нивната веродостојност, и ако истите не се потврдени од официјални лица да не ги пренесуваат.

Според изнесеното, информацијата дека Владимир Кецмановиќ пробал да се самоубие во притвор, е лажна и според тоа, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...