fbpx

Најмалку 41 мигрант загинаа во бродска несреќа во Италија

Повеќе од 1.800 луѓе годинава ги загубија животите во обид да преминат од Северна Африка кон Европа

-

Четириесет и еден мигрант загина во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, изјавиле преживеани од катастрофата за локалните медиуми, а пренесе Би-би-си.

Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод кој тргнал од Сфакс во Тунис и потонал на пат кон Италија. Преживеаните, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, стигнале до Лампедуза денеска. Станува збор за 13- годишно момче, двајца мажи и една жена – тие им рекле на спасувачите дека биле на брод со 45 луѓе, меѓу кои и три деца.

Чамецот, долг околу 7 метри, го напуштил Сфакс во четвртокот минатата недела, а потонал неколку часа откако бил погоден од голем бран. Се претпоставува дека само петнаесеттина луѓе носеле елеци за спасување.

Четворицата преживеани успеале да се спасат така што пливале по остатоци од чамецот, по што биле собрани од товарен брод, а потоа префрлени на брод на италијанската крајбрежна стража.

Како што пишува Би-би-си, италијанската крајбрежна стража во неделата пријавила два бродоломи во областа, но не е јасно дали овој чамец е еден од нив.

Повеќе од 1.800 луѓе годинава ги загубија животите во обид да преминат од Северна Африка кон Европа.

Според туниските власти, пристанишниот град Сфакс е популарна порта за мигрантите кои бараат безбедност и подобар живот во Европа.

Минатиот месец ЕУ потпиша договор со Тунис во вредност од 118 милиони долари во обид да ја спречи нерегулираната миграција. Парите треба да се потрошат во напорите за запирање на шверцот, зајакнување на границите и враќање на мигрантите.

Италијанската крајнодесничарска влада усвои политика со која бара од спасувачките бродови да се закотват на подалечните пристаништа, наместо да ги носат спасените мигранти во Лампедуза или Сицилија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...