fbpx

Најмалку 10 загинати во пожарите во Калифорнија

-

Најмалку десет лица загинале во пожарите што од вчера беснеат во американската сојузна држава Калифорнија, соопштиле утрово локалните власти, јавуваат светските агенции.

Повеќе илјади лица биле евакуирани, а поради силниот ветер, пожарот се проширил на 14 места, изјавил на прес-конференција во Сакраменто Кен Пимлот, шеф на службата за заштита на шума.

Пожарите се активни во осум окрузи во Северна Калифорнија, вклучувајќи ги и окрузите Напа и Сонома, познати по одгледувањето на винова лоза.

Според првичните проценки, 30.000 хектари се уништени во пожарите.

Уништени се и повеќе од 1.500 куќи и деловен простор, а околу 20.000 луѓе морале да бегаат од чадот и од пламенот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...