Најавен вториот дел од Lords of the Fallen – официјалниот трејлер е со музика од Danzig

The Lords Of The Fallen Скриншот од Youtube
The Lords Of The Fallen Скриншот од Youtube

Најавен е вториот дел од Lord of the Fallen -“Souls like” игра слична на Еlden Ring. Досега успехот на Elden Ring беше само моментално засенет со “хајпот” околу играта Stray која се сметаше дека и е натпреварувач за Game of the Year титулата годинава. 

The Lords of the Fallen 2 e всушност игра послична на Bloodborne, но според првиот дел исто како и Elden Ring е за доволна нијанса полесна и поигрива од класичните Dark Souls игри. Интересното е што вториот дел од оваа игра се вика исто како првата само со додавка “The” пред неа, односно првиот дел е означен на Steam како Lords of the Fallen 2014 а има и страница за вториот дел кој се вика The Lords of the Fallen.

Во трејлерот на играта е објаснета и приказната односно „сетингот“ во кој е поставена играта. “Souls like” игрите и немаат некоја приказна туку се открива во детали и скриени пораки додека се игра, дури и Elden Ring имаше премалку приказна за таков голем наслов и покрај тоа што бил ангажиран писателот на Game of Thrones -Ј.Р.Р. Мартин. Сепак, мрачната атмосфера и комбатот -кој во првата игра даваше токму доволно време за реакција на блокирање, избегнување удари и напади и контра удари -малку порелаксирано од другите потешки Souls игри -придонесуваат за металскиот драж на оваа игра. 

Кога сме кај музиката во самиот трејлер е употребена песната “Mother” од Danzig. Glenn Danzig е одличен музичар што прави метал музика уште од осумдесетите години на минaтиот век, има правено песни за Џони Кеш и Рој Орбисон и е одличен текстописец, музичар и пејач. Во Америка го нарекуваат “Black Elvis” бидејќи во баладите пее слично како Елвис Присли.

Сите што го имаат слушано Danzig беа пријатно изненадени со употребата на негова музика во трејлерот за The Lords of The Fallen што предизвика позитивни реакции и кај постарите гејмери и металци, а и отварање на нова “ризница” на добра музика и за поновите генерации-особено за фановите на електрични гитари. Неговата музика можете да ја слушате бесплатно на неговиот YouTube канал каде се поставени сите албуми и хитови.  

Што се однесува до The Lords of The Fallen  изгледа дека ќе има и нова механика со „фенер што собира души“ и истиот фенер ќе може да ве оживее ако паднете во битка, односно да ви направи RES (скратеница за Resurrect(Воскреснување) во игри). Според нивото на квалитет на анимацијата се очекува и играта да биде одлична бидејќи се изработува во Unreal Engine 5 најновата технологија за правење игри и реалистични анимации за која веќе имаме неколку написи.

Сеуште нема точен датум за излегување на играта The Lords of The Fallen, но е најавено дека се очекува да биде готова во текот на следната година.