Мноштво од нови „модови од фанови“ во Unreal Engine 5 што покажуваат “Next level” реализам

Unreal Engine 5 скриншот од главниот вебсајт
Unreal Engine 5 скриншот од главниот вебсајт

Unreal Engine 5 (UE5) предизвикува револуција во „гејмингот“ и нуди нови модови сработени на различни теми кои изобилуваат со нов вид на реализам и креативност. Секако имаме и претходен напис на оваа тема. Некои од повпечатливите модови за оваа појава се Железничката Станица во Јапонија, Metahuman видеата со впечатливи „фацијални експресии“ и други реалистични примери и шумски пејсажи.

1. Железничка Станица во Јапонија

Оваа појава гејмерите ја споредуваат со можноста за правење модови во Skyrim каде пред неколку години интернетот беше преполн со нови модови за сè и сешто на Skyrim направени од играчи. Најпечатливите модови за Skyrim беа Falskaar и Forgotten City -за вториот мод можете да го погледнете овој наш напис, исто така имаме и напис за 10 годишнината од Skyrim. Сега, интернетот експлодира со “fan made” модови преку Unreal Engine 5 почнувајќи од суперхеројските модови за Супермен, Спајдермен, Бетмен и Флеш до модови за трите најдобри GTA игри, GTA Vice City, GTA San Andreas и GTA 5 како и модовите за Warcraft кои ги нарекуваат “WoW 2”: едниот е за орк воин наречен Project Grunt, а другиот за главниот град на Хордата во WoW наречен Огримар. Потоа мод за нов „сајберпанк“ град за кој имаше голем број гејмери што погрешно мислеа дека се работи за продолжеток на играта Cyberpunk 2077. Исто така има и UE5 верзија на легендарната игра Need For Speed Underground 2 која е покриена во наш претходен напис.

2. Асасинс Крид во феудална Јапонија

Ова е мод во кој нема борби, само може да се разгледува околината и е пример за тоа како можеби ќе може да изгледа најавената Assassin’s Creed Infinity за која сè уште нема нови информации, но се знае дека се изработува во Unreal Engine 5.

Конечно, играта која ги истражи сите историски периоди освен најпосакуваниот од гејминг заедницата – феудална Јапонија. Најблизок обид за оваа поставка е платформската игра Assassin’s Creed Chronicles China што е покриена во наш напис. Како и посебен напис за најавата на Assassin’s Creed Infinity. Повеќето од видеата линкани во овој напис се направени од фанови. Unreal Engine 5 е бесплатен за користење а овие модови може да се испробаат бесплатно преку Epic Games или да ги симнете директно од YouTube линковите на девелоперите. 

Сите линкови во овој напис водат до оригиналните извори на видеата или се спомнати во самите главни описи за видеата.