Зошто играта Stray стана вирална и „го расипа интернетот“

Скриншот од Steam за играта Stray
Скриншот од Steam за играта Stray

Играта Stray, каде играте во улога на улична мачка во Сајберпанк град, стана вирална поради повеќе интересни причини. Главната причина се реакциите на домашните мачки кај луѓето што ја играат играта, па така – сопствениците на дел од мачките велат дека тие се вкочануваат и ја гледаат играта, додека други се опседнати со тоа што се случува на екранот и се обидуваат да ја допрат мачката во играта. Можат да се забележат секави реакции кои луѓето ги постираат на Твитер и ТикТок, каде што играта стана вирална тема со голем број прегледи. 

Една од најсмешните реакции на вистинска мачка на играта прикажува ситуација во која мачката гледа зад екранот за да види каде се наоѓа мачката од играта на екранот. Многу вакви клипови го инспирираа каналот на Твитер наречен „Мачки ја гледаат Stray”.

За оваа игра имавме и најава со трејлер во претходен напис, што може да го видите и прочитате тука.

Девелоперите на играта велат дека Stray ги има надминато сите претходни игри на нивната фирма „Annapurna Interactive game“ со преку 60.000 играчи што играат истовремено на Steam.

Мачката во играта е инспирана од различни мачки, од кои една е вистинска улична мачка што била спасена и вдомена. Името на мачорот е Murtaugh и бил најден под автомобил во Монпелје во Франција, па сега живее со ко-сопствениците на Blue Twelve Studio. Другата мачка е исто така мачор од расата Spynx (Свинга) со име Оскар, според кој се правени движењата на мачката во играта, но се анимирани рачно без употреба на “motion capture” техники – со набљудување и правење анимации за различни движења, односно, како мачката скока, како се движи и многу други финеси. 

Двете мачки биле редовни посетители во студиото за правење игри, како што велат од тимот на девелопери: 

“Да се има вистински мачки во близина за време на целиот развоен процес секако беше од голема помош на многу начини.”

Играта е достапна на PlayStation и нa PC и основната верзија на Steam чини 27 евра.