fbpx

Најавен чартер-лет од Катовице до Охрид

-

Охрид е привлечна дестинација за туристите од Полска, за што потврда е договорениот нов чартер-лет од Катовице до Охрид, кој ќе почне да се реализира од наредното лето.

Компанијата „Рего-бис“ ќе донесе најмалку 5.000 туристи кои ќе слетуваат на охридскиот аеродром со авиони од типот „ербас 320“, со капацитет од 220 седишта. Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети во комбинација и на други соседни земји, со автобуси со капацитет од 80 лица.

– Покрај Охрид, правиме промоција и напори за вклучување и на други македонски туристички дестинации во програмите на полските тур-оператори, кои би можеле да бидат интересни за полските гости, а во соработка со македонските тур-оператори. Ќе бидеме и домаќини на полски претставници на медиумите кои ќе го шират убавиот глас за Македонија во Полска – вели Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...